ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска го бранеше контроверзниот предлог на претседателот Доналд Трамп САД да го „преземат“ Појасот Газа, опишувајќи го како „многу дарежлива“ понуда насочена кон обнова на разурнатата енклава од војната, јавува Анадолу.
Говорејќи на заедничката прес-конференција со гватемаланскиот претседател Бернардо Аревало во Гватемала Сити, Рубио ја бранеше понудата на Трамп, која предизвика бројни осуди низ регионот и светот.
Рубио нагласи дека понудата на Трамп не е непријателски потег, туку дарежлива понуда за преземање одговорност за обновата на Газа, напоменувајќи дека ниту една друга земја не дала слично ветување.
„Деталите за ова, доколку предлогот биде прифатен, ќе треба да се разработат меѓу повеќе земји партнери“, истакна американскиот државен секретар.
Предлогот на Трамп за преселување на Палестинците во Газа првпат дојде откако на 19 јануари стапи на сила договорот за прекин на огнот во енклавата, со што беше стопирана израелската геноцидна војна во која се убиени повеќе од 47.000 Палестинци, и оставајќи ја енклавата во урнатини.
Трамп и по вчерашната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека населението на Газа треба да се пресели во земји како Јордан и Египет и дека САД ќе ја претворат тоа подрачје во „Ривиера на Блискиот Исток“.
Извор: Anadolu Agency (AA)