Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо изјави дека саудиската лига може да се натпреварува со најсилните европски лиги и дека е дури и посилна од некои.
Конкретно, Роналдо мисли дека Саудиската Про лига е подобра од Лига 1.
-Секако дека саудиската лига е подобра од француската лига. Во Франција е само Пари Сен Жермен, другите не се на тоа ниво. Обидете се да играте на 38, 39, 40 степени и ќе видите, изјави Роналдо.
Португалецот секако е најголемото фудбалско име кое реши да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, а подоцна му се придружија Карим Бензема, Ријад Марез, Садио Мане, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Марсело Брозовиќ и многу други.
Извор: kurir.mk