Роналдо останува во Ал-Наср и следната сезона

June 1, 2024
1 min read

Кристијано Роналдо и наредната сезона ќе игра во саудискиот клуб Ал-Наср, тврдат медиумите од оваа земја. Тие се повикуваат на изјавата на сопственикот на клубот, Гвидо Фиенга, кој изјави дека португалската фудбалска ѕвезда нема да го напушти својот сегашен тим.

Роналдо му се приклучи на саудискиот клуб на почетокот на 2023 година, откако го напушти Манчестер Јунајтед и се испадна со Португалија во четвртфиналето на Светското првенство 2022 година во Катар.

Тековната сезона беше крајно незадоволителна за тимот на Роналдо, кој иако постигна 44 гола на 45 натпревари во сите натпреварувања, не успеа да освои некој голем трофеј.

Ал-Наср заврши со цели 14 бода од врвот во Премиер лигата на Саудиска Арабија, беше елиминиран на пенали во азиската Лига на шампиони од Ал Аин во четвртфиналето, како и во финалето на Купот на Кралот.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Голема еко-акција за чистење на Охридското Езеро организирана од „Скопско“

Следно

Дневен хороскоп за 1 јуни: Обидете се да бидете искрени и отворени во разговорот

Latest from Blog

Ќе се основа Факултет за медицински науки и здравство при Битолскиот универзитет

Денеска на 74-тата владина седница разгледана и усвоена е информација за потреба за основање Факултет за медицински науки и здравство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Како што велат од Владата,

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува да го преземе Министерството за здравство – во игра Клековски и Андоновска?

Арбен Таравари официјално ја напушти владината коалиција, со што неговиот мандат како министер за здравство наскоро ќе заврши. Веќе се појавуваат шпекулации за тоа кој ќе го наследи на оваа позиција. Иако

ДЗР: Од 34 општини, гуп-овите на 22 не го исполнуваат стандардот за озеленетост од 25 м2 по глава на жител

Од 34 дури 22 oпштини не го исполнуваат препорачаниот стандард за зеленило од 25 метри квадратни по глава на жител. Ова го покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија на тема

Генералниот секретар на НАТО, Руте: Турција е цврст и способен сојузник

ИСТАНБУЛ (АА) — Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја нарече Турција цврст и способен сојузник, по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во турската престолнина Анкара, јавува Анадолу. „Разговаравме и
Go toTop