Роналдо: Лигата на Саудиска Арабија ќе влезе во топ 5 во светот

1 min read

Кристијано Роналдо верува дека лигата на Саудиска Арабија ќе стане една од најсилните во светот.

– Лигата на Саудиска Арабија станува посилна секоја година. Следната година ќе биде уште подобра. Чекор по чекор ќе стане една од најдобрите пет лиги во светот. Но, треба време, играчи, инфраструктура. Сепак, верувам дека оваа земја има неверојатен потенцијал, неверојатни луѓе овде. Лигата ќе биде одлична, изјави напаѓачот на Ал-Наср по синоќешната победата на Ал-Шабабу со 3:2.

Роналдо е едно од големите фудбалски имиња кои играат во Саудиска Арабија. Понуди за продолжување на кариерата во оваа земја веќе има за Лионел Меси од ПСЖ, Лука Модриќ од Реал Мадрид, како и други фудбалери од врвни европски екипи.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Ангелов до Гаревски: Ако не сте сигурен дека мостот е безбеден, не ги охрабрувајте граѓаните да поминуваат

Следно

Туркије на трето место во светот по бројот на плажи со „Сино знаме“

Latest from Blog