Ромскиот холокауст прикажан со изложба во Спомен дом АСНОМ во Делчево

1 min read

Во просториите на фоајето на Спомен Дом АСНОМ, денеска во Делчево беше отворена изложбата насловена „Ромскиот геноцид низ очите на младите”. Изложбата се реализира во рамки на проектот „Моето право да се сеќавам – Меморијализација на Ромскиот геноцид’’ организирана од РРОМА во соработка со  Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), како дел од Младинскиот културен фонд на Западен Балкан, во соработка со Министерството за надворешни работи на Германија и ЕРГО мрежата, Белгија.

Изложбата ја отвори Урмета Арифовска, заменик директор на РРОМА, која по поздравниот говор и воведното обраќање ја водеше и турата низ изложбата.

– Геноцидот над околу 500.000 Синти и Роми за време на Национал-социјализмот се уште се смета за „заборавен Холокауст”. Изложбата се фокусира на прогонството на Синтите и Ромите, преку призмата на дехуманистичките перспективи на сторителите кои се спротивставуваат на сведочењата на жртвите. Старите фотографии и зачуваните податоци нудат увид во реалноста на нивните животи, истакна Арифовска.

Изложбата е поделена на три дела од кои  првото поглавје го истражува потеклото на прогонството на Ромите, „Вовед на геноцид пред Втората светска војна”, второто поглавје го опфаќа Геноцидот на Ромите нацистичките злосторства за време на Втората светска војна, а третото поглавје се занимава со повоената историја и современите предизвици на Ромскиот геноцид. 

– Преку овие делови, изложбата открива уништените животи зад бирократските документи што го запишуваат организираното уништување. На крајот, ќе се здобиете со информации за состојбата со човековите права на Синтите и ромските малцинства во Европа по 1989 година. Верувам дека оваа изложба ќе пренесе важна порака не само на младите, туку и на сите генерации, дека слични настани можат повторно да се случат, и дека е важно да се потсетиме на ужасните и мрачни настани од минатото, додаде Арифовска. 

Колонијата на изложбата што во Делчево биде поставена од 16 до 18 октомври, ќе се промовира и во Општините, Кочани, Крива Паланка и Кратово. 

ИЗВОР: racin.mk

Претходно

„Тоше ни недостасува секој ден“: Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Проески

Следно

Разрешен Зарко Милошевски, нов директор на АНБ ќе биде Бојан Христовски

Latest from Blog