ИСТАНБУЛ (АА) – Денес во Службениот весник на Туркије е објавен претседателскиот указ за ослободување од визи на романските државјани кои патуваат во Туркије за туризам и транзитни премини, јавува Анадолу.
Според указот, на романските државјани кои поседуваат лични карти ќе им биде одобрено ослободување од виза за „туристички цели и транзитен премин“ во Туркије за период од најмногу 90 дена, на секои 180 дена.
Одлуката е донесена согласно со членот 18 од Законот за странци и меѓународна заштита бр. 6458, се додава.
Извор: Anadolu Agency (AA)