Родителите од регионот исплашени: Се појави детска дрога во облик на мастики, доаѓа од Косово – еве каков ефект има

January 27, 2023
1 min read

Во Србија се појави нова дрога посилна од екстази, во вид на гуми за џвакање и бонбони. Родителите се во паника откако од своите деца дознале за  „снус“, вид кршен тутун, пишува „Република.рс“.

Симптоматично е што оваа дрога не е на забранетата листа. Докторката Светлана Вучетиќ, специјалист за болести на зависност, вели дека се работи за многу позната и опасна супстанција.

Оваа дрога најчесто доаѓа од Косово во минијатурни вреќички кои содржат концентрација на тутун меѓу 1,5 и 3 милиграми.

Најчесто се пакува во кесички чај и се користи така што се става меѓу непцата и слузокожата и се цица на начин, што дополнително ги засилува аромите како јагода, цреша, еукалиптус.

Цената на „снусот“ во Србија е околу 1000 динари за кесичка, односно околу 500 денари.

Што е „снус“?

Уште од 18 век, Швеѓаните го користат како влажен тутун. Предизвикува и зголемување на крвниот притисок, зголемен апетит, жолти заби, рак на усната шуплина, хранопроводот, панкреасот, дијабетес и други проблеми.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Триесет и две години од изборот на Киро Глигоров за прв претседател на независна Република Македонија

Следно

Како скопјани може да превенираат појава на нови бездомни кучиња?

Latest from Blog

Меџити: Жителите на Саат Кула добиваат нова водоводна и канализациска мрежа

Во населбата Саат Кула привршува реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти – реконструкцијата на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската канализација, соопшти градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити.

Коњановски: Битола домаќин на балканска џудо елита до 14 години

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски истакна дека градот викендов е центар на балканското џудо, откако свечено го прогласи за отворен Балканското првенство во џудо за деца до 14 години. На натпреварите, кои
Go toTop