Коњановски: Битола домаќин на балканска џудо елита до 14 години

June 6, 2026
1 min read

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски истакна дека градот викендов е центар на балканското џудо, откако свечено го прогласи за отворен Балканското првенство во џудо за деца до 14 години.

На натпреварите, кои денес и утре се одржуваат во спортската сала Боро Чурлевски, настапуваат најдобрите млади џудисти од повеќе балкански џудо-федерации, меѓу кои Македонија, Молдавија, Романија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција, Кипар, Албанија, Грција, Бугарија и Косово.

Во своето обраќање на отворањето, Коњановски порача дека ваквите спортски настани ја потврдуваат Битола како значаен спортски центар во регионот и силна поддршка за младите генерации.

Свеченото отворање го проследија и претставници на Балканската џудо асоцијација, предводени од Бранислав Црногорац, претседателот на Џудо федерацијата на Македонија Владимир Трпаноски, како и претставници на Министерството за спорт.

Организаторите се заблагодарија на домаќинот Битола и ЏК „Пелистер“ за поддршката и организацијата на овој голем џудо-спектакл, кој ги обединува младите спортисти од целиот Балкан.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Белгија го декласира Тунис пред заминување на Мундијалот

Latest from Blog

Халанд и компанија на необичен начин се подготвуваат за Мундијалот!

ФОТО: Fotballandslaget/FB И тоа го има во фудбалот. Имено репрезентацијата на Норвешка се подготвува за Светското првенство во 2026 година на навистина необичен начин. Додека повеќето тимови се фокусираат главно на тактички

НАПАДОТ НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ВРЗ МЕДИУМИТЕ згасна 1.000 работни места во Австрија

Австрија се соочува со најдраматичната медиумска криза во својата историја, пишуваат медиумите. Вицеканцеларот, министер за медиуми и лидер на Социјалдемократската партија на Австрија (SPO) Андреас Баблер го доведе австрискиот медиумски пејзаж на
Go toTop