Ристовски – Рокас: ЕУ е докажан партнер во развојот на македонскиот спорт

November 26, 2024
1 min read

Македонското Министерство за спорт и Канцеларијата на Европската унија во Скопје договорија блиска соработка и промовирање на вистински вредности кои ќе значат здрава младина за европска иднина на Македонија.

Ова денеска на својот Фејсбук профил го објави министерот за спорт Борко Ристовски, изнесувајќи детали од вчерашната средба со евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас.

„Заедно со г-динот Рокас ги потврдивме заклучоците дека приоритети во нашето делување треба да бидат борбата против корупцијата и враќањето на довербата во институциите меѓу кои е и Министерството за спорт“, наведе Ристовски.

Истакнувајќи дека „Европската унија е докажан партнер во развојот на спортот во нашата земја“, министерот Ристовски изрази уверување дека „оваа соработка ќе продолжи со уште поголем интензитет“

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕУ донира шест еко-автобуси за скопјани, Арсовска вели владината најава за нови автобуси е задоцнета

Следно

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Latest from Blog

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се
Go toTop