Ристова-Јорданова за „24 Анализа: Радев и Мицотакис ја користат својата позиција за да ја уплашат новата влада во Македонија

1 min read

„Треба да се почитуваат меѓународните договори. Не треба да се злоупотребуваат за блокади. Најголемиот проблем со Бугарија е покрај асиметричноста на договорот, е начинот на којшто тој се применува. Слично е кај договорот со Грција. Меѓутоа, кај договорот со Бугарија, проблемот е во неговото толкување и протоколите кои потоа се заклучени, кои се записници од годишните состаноци меѓу државната комисија. Два протоколи. Трет требаше да има, но го премолчеа. Во оваа ситуација и Радев и Мицотакис ја користат својата позиција и наметнуваат нивни толкувања, сила, закана, ги користат нивните врски во ЕУ со стратешките партнери за да ја уплашат новата влада во Македонија, за која знаат дека имала поразлични ставови во однос на овие прашање. Како понатаму ке се довиваат работите, зависи од нив, но зависи и од нас. Ова не е неочекувано. Знаат они кон каде оди работата овде. Но нивните толкувања за кршење на договорот во овој период, благоречено се манипулативни.“ – вели за „24 Анализа“ Малинка Ристова Јорданова експерт за ЕУ и основач на ЕПИ.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Турција ја затвори границата со Сирија

Следно

„Ден на кралот Пеле“ ќе се одбележува на 19 ноември

Latest from Blog