РЕТРОСПЕКТИВА НА ТВОРЕШТВОТО Е СПЕЦИЈАЛНО ЗАДОВОЛСТВО – ГЛЕДАШ КАДЕ ТИ ОДИ ГЛАСОТ, ВЕЛИ МАНЧЕВСКИ КОЈ ПРЕТСЕДАВА СО ЖИРИТО НА СОФИЈА ФИЛМ ФЕСТ

March 17, 2023
2 mins read

Со целосна ретроспектива на творештвото и бугарска премиера на „Кајмак“, филмскиот фестивал во Софија ќе го претстави македонскиот режисер Милчо Манчевски, кој ќе биде и на чело на главното фестивалско жири. Во ретроспективата се неговите седум долгометражни филмови и две од краткометражните дела, проекцијата на „Кајмак“ е на 18 март, а ќе присуствува и режисерот и дел од актерката екипа.

„Ретроспектива на целосното творештво е едно од оние специјални задоволства – гледаш каде ти оди гласот. Го поминуваш животот правејќи уметност, се внесуваш и жртвуваш и убаво ти е; и гледаш дека има луѓе што тоа го следат, твојата уметност ги радува, им значи, им влијае на тоа како размислуваат“, вели Манчевски, еден од ретките македонски режисери кој досега бил чествуван со десетина меѓународни ретроспективи на неговиот опус.

Во Софија ќе бидат прикажани „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“, „Кајмак“, „Четврток“ и „Крајот на времето“. Сите филмови се добитници на фестивалски и други меѓународни награди.

27. Издание на Софија филм фест се отвори синоќа и ќе трае до 31 март, а за претседателот на жирито Манчевски фестивалот вели:

„Во последните неколку децении, Софија филм фест ѝ ги претставува на домашната публика делата на Манчевски, кои имаат извонредно влијание, демонстрираат мајсторско чувство за пресоздавање психолошки портрети и стануваат омилени на публиката. Годинава, одлучивме за овој режисер од светски ранг да ги претставиме ретроспективно неговите филмови“.

Манчевски последен пат гостуваше во Софија во 2020 за да го претстави „Врба“, кога доби и специјална награда на фестивалот.

Од снимањето на „Кајмак“. (Фото: М. Аргакиејва)

Жирито предводено од Манчевски треба да го избере добитникот на Главната награда на Фестивалот од 12 номинирани филмови, а ќе бидат доделени и награди за најдобар балкански филм, за документарен филм, за бугарски краткометражен филм и за најдобар филм на младински теми. Главно мото на годишното издание на СФФ е „зелената идеја“ за справување со климатските промени и заложбите за зголемување на „белите дробови“ на планетата Земја. СФФ ќе има свои изданија и во Пловдив од 17 март до 2 април, во Варна од 24 март до 2 април и во Бургас од 30 март до 7 април.

На почетокот на месецов, „Кајмак“ ја освои Специјалната награда на жирито во престижната програма Недела на режисерите на фестивалот Фантаспорто во Порто, Португалија, а магазинот „Лаксанте“ го оцени филмот со четири ѕвезди и напиша: „Манчевски повторно создава моменти на голема емоционална и скулптурална убавина, со прекрасна фотографија која успева да го одржи формалното единство без оглед на тоа дали делува во комичниот или во драмскиот регистар. Резултатот е екстремно хуман и прекрасен филм, ама истовремено и филм што е искрен и сиров. Уште еден пример за големината на кинематографијата на Милчо Манчевски“.

Во исто време „Кајмак“ беше прикажан и на ФЕСТ во Белград, каде сите три проекции беа однапред распорадени, а актерката екипа од филмот, која присустувуваше на премиерата доживеа огромен аплауз.
„Кајмак“ е седми филм на Манчевски, и е црна комедија и критика на малограѓанскиот морал и на илибералните тенденции во општеството. Беше најгледан филм во Македонија во 2022, а светската премиера ја имаше на филмскиот фестивал во Токио.

„Кајмак“ е македонско-данско-холандско-хрватска копродукција во соработка со МРТВ, а поддржана од Еуримаж. Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Продуцент е Јане Ќортошев, директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, монтажер Емил Нунинга, музиката е на Дејниш стринг квартет и Игор Василев-Новоградска, кастингот е на Милка Анчевска, а маската на Марио Микисанти.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Педро постигна гол од пола терен, па му фаќаше сеир на Џака (ВИДЕО)

Следно

Ковидот не беше толку смртоносен за да се брза со вакцини

Latest from Blog

Аталанта со “покер“ ја “поздрави“ Парма, Џенова ја доби Болоња!

ФОТО:facebook.com/atalantabc/ Аталанта славеше против Парма во Бергамо со резултат од 4:0. Избраниците на Џан Пјеро Гасперини ја оправдаа улогата на фаворити против „Млекарите“. Домашниот тим поведе во 15-тата минута кога Џанлука Скамака

Барселона ита кон рекордно остварување

Фото: Барселона Х Барселона на Ханси Флик е во серија без пораз на домашен терен во Ла Лига. Тимот има девет од девет. Тие се единствениот тим во главните европски лиги што

Папата Лав: Војната во Украина мора да заврши, цивилите ја плаќаат најголемата цена

Папата Лав 16-ти изјави дека цивилите во Украина се соочуваат со големи страдања како резултат на тековните напади и продолжената војна. Зборувајќи по неделната молитва во недела, Папата нагласи дека тековните конфликти
Go toTop