Респираторите косеа во пандемијата

1 min read

Механичката вентилација беше широко користена, пред, за време и после ковид пандемијата. Во Германија, на механичко дишење биле ставани над 1.000 пациенти на 100.000 жители годишно на возраст над 80 години.

Стапките на смртност во болниците ги надминаа дотогаш познатите податоци, заклучува нова студија.

За четири години (1 јануари 2019- 31 декември 2022) на респиратори биле ставени околу еден милион пациенти во 1.395 болници.

Покрај ковид, други главни дијагнози биле срцеви заболувања, пневмонија, хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), исхемични срцеви заболувања и цереброваскуларни заболувања.

Но, значајна разлика има во смртноста: кај вентилирани пациенти со ковид таа била 53,7% додека кај другите (без ковид) 42,6%, покажува студијата објавена во Лансет.

Вкупниот трошок за сите изнесувал 6 милијарди евра годишно.

Но, ако во Германија податоците се лоши, кај нас беа катастрофални. Ретко кој ставен на механичко дишење остануваше жив.

Тогашниот министер за здравство своевремено призна дека над 90% од нив не преживеале. Тоа беше кажано кога од Данска ни стигна донација од 100 механички респиратори. 

Болен приклучен на респиратор над 4 дена ја чинел државата 5.700 евра.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Турско МНР: „Крајот на геноцидниот Нетанјаху ќе биде како оној на Хитлер“

Следно

Северна Македонија со најбавна дигитализација во Европа

Latest from Blog