Реакции за одлуката на врховниот суд за Трамп

1 min read

Џо Бајден ја критикуваше одлуката на врховниот суд на сад кој потврди дека поранешни претседатели имаат имунитет од кривично гонење за дела сторени додека биле на функција…Еден ден откако врховниот суд донесе историска пресуда во случајот со поранешниот претседател, Бајден предупреди дека е направен опасен преседан и го поткопува владеењето на правото…

Со одлуката, која потврдува делумен имунитет на Трамп, мали се шансите поранешниот американски претседател да се најде пред суд пред изборите на 5 ноември, поради неговата улога во обидот да се поништи изборниоит резултат во 2020 година…

Џо Бајден – претседател на САД

„Од перспектива на практиката, одлуката речиси сигурно значи „дека не постојат граници за тоа што може да направи еден претседате. Ова е фундаментално нов принцип и е опасен преседан.“ Никој не е над законот, па дури ни претседателот на САД . секој претседател, вклучително и Доналд Трамп, сега ќе има слобода да го игнорира законот. Ова им прави лоша услуга на луѓето во оваа земја. “

Со шест гласа „за“ и три „против“, највисокиот суд во Америка одлучи дека поранешните претседатели имаат апсолутен имунитет од кривично гонење за злосторствата извршени додека биле на функција, додека немаат имунитет за злосторства извршени надвор од функцијата.

Адвокатите на Трамп пак сметаат дека пресудата за скандалот околу тајните исплаќања на порно актерката Сторми Даниелс треба да биде отфрлена бидејќи поротата за време на судењето видела докази за кои веруваат дека требало да бидат заштитени со претседателски имунитет…Одбраната побара дополнително време да го изнесе својот аргумент, што пак би можело да го одложи изрекувањето на пресудата за Трамп, кое е закажано за 11 јули.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Двајца загинаа во силното невреме во Црна Гора

Следно

Македонски планинари го вратија државното знаме на Кораб

Latest from Blog