Разорните земјотреси што ја потресоа Туркије досега одзедоа 12.873 животи

February 9, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 12.873 луѓе загинаа, а 62.937 се повредени по двата разорни земјотреси кои во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD), јавува Анадолу.

Земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени со епицентри во турската област Кахраманмараш, сериозно потресоа 10 области во Туркије, од кои се погодени 13 милиони луѓе.

„Во погодените региони распоредени се повеќе од 113.000 спасувачи, медицински и друг персонал и поставени се над 50.000 шатори“, се наведува во соопштението на АФАД.

Освен спасувачките тимови, во погодените подрачја се испратени и ќебиња, шатори, храна и тимови за психолошка поддршка.

Според податоците на АФАД, вкупно 50.818 шатори се поставени за преживеаните. На терен се испратени и 5.434 возила, меѓу кои има багери, трактори и булдожери.

За што побрзо изведување на операциите за претрага и спасување, Туркије во вторникот прогласи тромесечна вонредна состојба во 10 турски области, Адан, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Кахраманмараш, Килис, Малатја, Османије и Шанлиурфа.

– Разорните земјотреси кои ја потресоа Туркије на 6 февруари –

Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

И турските области Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатја, Османие, Хатај и Килис се тешко погодени од земјотресите. Во текот на денот имаше и голем број последователни потреси со помал интензитет.

Туркије прогласи седумдневна жалост поради разорните земјотреси што ја потресоа земјата.

Земјотресите се почувствуваа и во соседна Сирија, но и во Ирак, Либан, Египет и во други региони.

Во земјотресите кои силно ги потресоа и северните делови на Сирија, животот го загубија најмалку 2.530 лица, а 4.645 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Донарума: Ќе направиме се за да го победиме Баерн

Следно

Закана за поставена бомба на софискиот аеродром, се евакуираат патниците

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop