Расте црниот биланс од бомбашкиот напад во Пакистан: Бројот на загинати се искачи на 87 лица 

January 31, 2023
2 mins read

Пакистанските талибанци негираа секаква поврзаност со нападот по првичните тврдења на еден од нивните команданти дека тие стојат зад него

Џамијата каде се случи бомбашкиот напад се наоѓа во една од најсилно контролираните области на градот, која вклучува полициски штаб и канцеларии на разузнавачки и антитерористички служби

Црниот биланс од самоубиствениот бомбашки напад што се случи вчера во џамија во пакистанската провинција Пешевар се искачи на 87 загинати, јавуваат светските медиуми.  

Спасувачката операција по бомбашкиот напад во џамијата во Пешевар трае повеќе од 18 часа/Фото: EPA-EFE/BILAWAL ARBAB

Според информациите на пакистанските власти цел на бомбашкиот напад биле полициски службеници, бидејќи џамијата се наоѓа во областа каде е лоцирано седиштето на полицијата кое е под високо ниво на обезбедување.  

Во тек е истрагата, која треба да утврди како бомбашот-самоубиец успеал да влезе во областа. 

Пакистанските талибанци негираа секаква поврзаност со нападот по првичните тврдења на еден од нивните команданти дека тие стојат зад него.  

Пакистанскиот премиер и останатите лидери во земјата го осудија нападот, оценувајќи го како еден од најсмртоносните во последните неколку години.  

„Терористите сакаат да создадат страв со таргетирање на оние кои ја извршуваат должноста да го бранат Пакистан“,

рече премиерот на Пакистан Шехбаз Шариф. 

Денеска, спасувачките екипи сè уште се обидуваат да ги извлечат верниците кои останаа затрупани во урнатините на џамијата, изјавија официјални претставници на пакистанските власти за Би-би-си, додавајќи дека спасувачката операција ќе продолжи уште три часа. 

„Операцијата за спасување трае повеќе од 18 часа“,

изјавил портпаролот Мохамад Билал Фаизи. 

Во изминатите неколку часа од под урнатините се извлечени телата на уште 20 луѓе, а се стравува дека има уште тела на настрадани кои се уште не се пронајдени.  

Портпаролот на локалната болница потврдил дека повеќе од 100 лица се ранети. Во меѓувреме, беа извршени погребните церемонии за повеќе од 20 загинати полицајци, чии ковчези беа обвиткани со пакистанското знаме. 

Според началникот на полицијата во Пешевар, Мухамед Ијаз Кан,  за време на нападот во областа имало меѓу 300 и 400 полициски службеници.  

Џамијата каде се случи бомбашкиот напад се наоѓа во една од најсилно контролираните области на градот, која вклучува полициски штаб и канцеларии на разузнавачки и антитерористички служби. 

 Шариф рече дека оние кои стојат зад нападот „немаат никаква врска со исламот“.  

„Целата нација стои обединета против заканата од тероризмот“,

порача тој. 

Пакистанските талибанци – група одвоена од авганистанската талибанска влада, во ноември означија крај на прекинот на огнот кој беше на сила што доведе до пораст на насилствата во земјата.  

Експлозијата се случи вчера околу 13:30 часот по локално, односно во 08:30 часот според Гринич, за време на попладневните молитви во северозападниот град, кој е во близина на границата со Авганистан. 

Нападот се случи еден ден пред мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да пристигне во Исламабад за да започне разговори за финансирање на јужноазиската економија погодена од кризата.   

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го осуди нападот, а неговата портпаролка рече:  

„Особено е одвратно што таков напад се случил на место за богослужба“ 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПСЖ купува фудбалер на Челси

Следно

Франција и Италија купуваат 700 противвоздушни ракети од среден дострел

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop