Расистички нападнат фудбалер, еве што се случило

March 13, 2023
1 min read

Кајл Вокер – Питерс, 25-годишниот фудбалер на Саутемптон, беше цел на расистички навреди на социјалните мрежи по натпреварот против Манчестер Јунјатед (0-0) во Премиер лигата, јавија денеска британските медиуми.

Причина е прекршокот што Вокер – Питерс го направи врз 18-годишниот Аргентинец Гарначо. Поради тоа играчот на Манчестер јунајтед мораше да го напушти натпреварот и во прв момент се чинеше дека станува збор за потешка повреда. Подоцна, меѓутоа, тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, потврди дека аргентинскиот тинејџер нема долго да отсуствува од теренот.

Сервисот Би-Би-Си наведе дека Вокер – Питерс се соочил со бројни понижувачки коментари на социјалните мрежи, а во дел од коментарите на навивачи на Манчестер Јунајтед фудбалерот се навредува на расна основа.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Меџити: Наша должност е да ја демаскираме извршната власт која има храброст да игра фудбал додека народот се соочува со предизвици

Следно

Српскиот министер за економија е за воведување санкции кон Русија, ја повика владата итно да се изјасни по прашањето  

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop