Рафаел Надал заминува во пензија

1 min read

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска објави дека следниот месец става крај на својата богата кариера.

Преку видео порака Надал објави дека последниот настап ќе го има на Дејвис-купот во Малага од 19 до 24 ноември.

Се најавуваше претходно дека Надал може да одигра неколку турнири во 2025 година и ќе се пензиониран а Ролан Гарос, но проблемите со повреда го натераа предвреме да се повлече.

Во последните две години Надал имаше само 23 настапи, меѓутоа тоа не може да ја намали неговата големина и се што направи во тенисот во изминатите години. Низ кариерата Шпанецот освои дури 22 грен-слем трофеи, а 14 од нив на Ролан Гарос.

Извор: kurir.mk

Претходно

Димитриеска-Кочовска: Парите од унгарскиот кредит наменети за компаниите ќе одат преку Развојната банка, се очекува да бидат достапни до Нова година

Следно

Претседателот Ердоган се сретна со албанскиот претседател Бегај

Latest from Blog