Путин: „Русија ќе се фокусира на зајакнување на нуклеарната тријада“

February 23, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе се фокусира на зајакнување на својата нуклеарна тријада, мислејќи на нуклеарните ракети базирани на копно, море и во воздух, јавува Анадолу.

Во телевизиското обраќање по повод одбележувањето на Денот на бранителот на татковината, државен празник во Русија, Путин рече дека „модерната и ефикасна армија и морнарица се гаранција за безбедноста и суверенитетот на земјата и гаранција за нејзиниот стабилен развој и нејзината иднина“.

„Ќе продолжиме да доставуваме напредна опрема за нашите војници, вклучувајќи нови системи за напад, опрема за извидување и комуникација, беспилотни летала и артилериски системи“, рече тој.

Путин ги даде овие коментари два дена по суспендирањето на Договорот за контрола на нуклеарното вооружување „Нов СТАРТ“ со САД поради нивната зголемена инволвираност во војната во Украина.

Рускиот претседател, исто така, изјави дека руската индустрија брзо го зголемува производството на целиот опсег на конвенционално оружје и се подготвува за масовно производство на напредно оружје.

„Како и досега, фокусот ќе го ставиме на зајакнување на нуклеарната тријада. Годинава на борбена задача ќе бидат ставени првите лансери на ракетниот систем „Сармат“ со новата ракета.“

„Ќе продолжиме со целосно производство на хиперсонични системи „Кинжал“ и ќе започнеме со масовно распоредување на хиперсонични ракети „Циркон“, лансирани од море“, рече тој.

Тој додаде дека штом нуклеарната подморница „Бореј-А“ ќе биде префрлена во морнарицата, ќе биде завршена обновата на поморските стратешки нуклеарни сили, а уделот на модерното оружје и опрема ќе достигне 100 отсто.

„Нашиот народ верува во вас, бранителите на Русија, во вашата способност, решителност и посветеност на татковината и заклетвата. Милиони луѓе ги следат своите срца помагајќи им на нашите војници на првата линија на фронтот, а ова нераскинливо единство е клучот за нашата победа“, рече рускиот претседател.

Путин, исто така, положи венец на Споменикот на непознатиот војник во Москва, традиционална церемонија со која се одбележува споменот на сите бранители кои некогаш се бореле за Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Алејна Олмез по 248 часа беше спасена од урнатините: „Се борев, не сакав да се откажам“

Следно

Црн облак над Скопје: Горат трска и гуми на Смилковско езеро

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop