Путин побара по 8 деца од руските жени

December 4, 2023
1 min read

„Голем број наши луѓе ја одржуваат традицијата на семејства во кои се растат четири, пет или повеќе деца. Сетете се дека во руските семејства нашите баби и прабаби имале по 7 и 8 деца. Да ја зачуваме и обновиме оваа традиција. Имањето многу деца, големо семејство, треба да биде стандард, начин за живот на сите луѓе од Русија,“ порачал Путин во говорот пред Светскиот руски народен собир.

Се работи за средба која ја води првиот човек на Руската православна црква, патријархот Кирил, а на која учествуваат претставници и на други верски заедници.

Самиот Путин официјално има две деца од својот брак со Људмила, а неофицијално има уште неколку од наводните афери со милионерката Светлана Кривоногих и гимнастичарката Алина Кабаева.

Во своите над 20 години на власт Путин во повеќе наврати и со најразлични средства се обидува да го зголеми наталитетот во земјата, но за сега со минимален успех.

На први јануари годинава Русија имаше популација од 146.447.424 лица, што е помалку од бројот на жителите во 1999-та кога Путин прв пат доаѓа на власт.

Британски Индепендент забележува дека во говорот Путин не го споменува обемот на загинати руски војници во војната во Украина, кој според украински и британски бројки изнесува над 300.000, плус, уште 800 до 900 илјади избегани од Русија, главно млади.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Соученици, другари, родители, граѓани се потпишуваат во Книгата на жалост во ОУ „Јохан Хајнрих – Песталоци” за почината Вања Ѓорчевска

Следно

Спасовски: Таткото на Вања бил вклучен во нејзиното исчезнување – крајната цел била изнуда на пари од мајката

Latest from Blog

Езерото како чаршија: „Lakescape“ ќе го претвори Струга во пловен базар на 16 јули

Струга, 15 јули 2025 – Во среда попладне, мирната површина на Охридското Езеро ќе се претвори во жива чаршија: локални занаетчии и европски дизајнери ќе ги наместат своите дуќанчиња на чамци и ќе впловат кон

Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа

Ракометарите на скопски Алкалоид ќе играат против германски Хановер во квалификациите за пласман во групната фаза во ЕХФ Лигата на Европа, одлучи денешната жрепка. Алкалоид, кој минатата сезона го освои трофејот во

Еврокомесарката за управување со кризи со повик до Израел: Престанете да ги убивате луѓето во Газа

ИСТАНБУЛ АА) – Европската комесарка за еднаквост, подготвеност и управување со кризи, Хаџа Лахиб, денес пред Советот за надворешни работи го повика Израел да престане да ги убива луѓето во Газа, јавува

Бурни и стоечки овации за чешкиот пијанист Лукаш Вондрачек

Публиката на „Охридско лето“ вчеравечер  се восхитуваше на пијанистичкиот артизам на младиот чешки уметник  Лукаш Вондрачек кој одржа концерт на подиумот во црквата „Света Софија“. Преку неговиот префинет клавирски израз, во акустичниот
Go toTop