Путин: Не е можен прекин на огнот пред почетокот на мировни преговори со Украина

1 min read

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека не е возможен прекин на огнот пред да почнат мировни преговори со Киев.

– Едноставно не можеме сега да прогласиме прекин на огнот со надеж дека другата страна ќе преземе некои позитивни чекори, посочи Путин.

Тој додаде дека е неопходно Украина да се согласи да преземе чекори што се неповратни и прифатливи за Русија.

– Не можеме да дозволиме непријателот да го искористи овој прекин на огнот и потоа да ја подобри својата позиција – да се вооружат, да се опремат со помош на присилна мобилизација и да се подготват за продолжување на вооружениот конфликт, истакна Путин.

Според него невозможно е да се стави крај на конфликтот со Украина преку посредници.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Со промоција на три видеоспота: „Меморија“ го најави големиот концерт во Скопје

Следно

Костадиновски: Најавените реформи на Судскиот совет и Советот на ЈО мора да бидат во согласност со Уставот

Latest from Blog