Путин: Кинескиот мировен план за Украина е добра основа за преговори, но тоа зависи од подготвеноста на Западот и Киев 

March 22, 2023
2 mins read

Планот на Кина, кој беше објавен минатиот месец и содржи 12 точки, не бара експлицитно Русија да ја напушти Украина, туку повикува на мировни преговори и почитување на националниот суверенитет, без конкретни предлози. Од друга страна, Украина инсистира Русија да ги повлече своите трупи од нејзината територија, што е главен услов на Киев за какви било разговори, но од страна на Русија нема знаци дека е подготвена да го стори тоа

Кинескиот мировен план за Украина може да се искористи како основа за ставање крај на војната, но тој е изводлив единствено кога за тоа ќе бидат подготвени Западот и Киев, изјави рускиот претседател Владимир Путин по средбата со својот кинески колега Си Ѓинпинг, пренесува Би-би-си.  

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг на гости кај рускиот претседател Владимир Путин, Фото: EPA-EFE/GRIGORY SYSOEVS / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Двајцата лидери вчера имаа средба во Москва на која разговараа за конфликтот во Украина и за односите меѓу двете земји.  

„Многу одредби од кинескиот мировен план може да се земат како основа за решавање на конфликтот во Украина, секогаш кога Западот и Киев се подготвени за тоа“,

изјави Путин на заедничката прес-конференција со кинескиот претседател по завршувањето на разговорите. 

Но, Русија допрва треба да види таква „подготвеност“ од другата страна, додаде тој. 

Застанат покрај рускиот лидер, Си Ѓинпинг рече дека неговата влада е за мир и дијалог и дека Кина е на вистинската страна на историјата. 

Тој повторно истакна дека Кина има непристрасна позиција во однос на конфликтот во Украина. 

Планот на Кина, кој беше објавен минатиот месец и содржи 12 точки, не бара експлицитно Русија да ја напушти Украина, туку повикува на мировни преговори и почитување на националниот суверенитет, без конкретни предлози.  

Од друга страна, Украина инсистира Русија да ги повлече своите трупи од нејзината територија, што е главен услов на Киев за какви било разговори, но од страна на Русија нема знаци дека е подготвена да го стори тоа.

За време на посетата на кинескиот претседател на Москва, тој и рускиот претседател потпишаа два договора за продолжување на нивното стратегиско партнерство до 2030 година. 

Путин, кој во услови на инвазијата на Украина е прилично изолиран на меѓународната сцена, рече дека двајцата лидери потпишале големи договори за проширување на нивната стратегиска соработка, како и за зголемување на руските енергетски испораки за Кина. 

По средбата, Путин ги оцени разговорите како успешни и конструктивни, додека Си ги опиша како отворени и пријателски.

Кинескиот лидер, од своја страна, зборуваше за зајакнување на деловните врски меѓу двата соседа. 

„Предлагам зајакнување на нашата координација и соработка. Се гледа раната жетва на (нашата) соработка, а понатамошната соработка се унапредува“,

рече Си.  

Кинескиот претседател, кој е еден од ретките светски лидери што ја посети Москва откако Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина минатата година, му врачи возвратна покана на Путин да го посети Пекинг подоцна во годината. 

Поканата доаѓа откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин поради наводна депортација на деца од Украина, но ниту Русија ниту Кина, а ниту САД, не ја признаваат јурисдикцијата на судот, што значи дека посетата на Пекинг нема да го стави Путин во опасност. 

Инаку, за време на посетата на кинескиот претседател на Москва, украинските власти соопштија дека во експлозија во анектираниот Крим се уништени руски ракети додека биле транспортирани со железница, а биле наменети за руската црноморска флота. Дополнително денеска има непотврдени информации за нов напад со беспилотно летало на Крим, чија цел бил пристанишниот град Севастопол. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лионел Меси одлучи каде ќе игра следната сезона

Следно

Најмалку 13 загинати во земјотресот во Авганистан и Пакистан

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop