Путин и Џинпинг ќе разговараат за предлогот на Пекинг за запирање на конфликтот во Украина

March 20, 2023
1 min read

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, кој од денеска е во посета на Москва ќе разговараат за предлогот на Пекинг за запирање на конфликтот во Украина, соопшти Кремљ.

„На овој или оној начин, прашањата покренати во планот (на Пекинг) за Украина ќе бидат разгледани за време на преговорите. Сеопфатни објаснувања ќе даде претседателот Путин“ за руската позиција, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Украинските власти ја повика Русија да ги повлече своите сили од Украина, неколку часа пред посетата на Џинпинг на Москва. Тоа е негова прва посета на тој град по инвазијата врз Украина.

„Формула за успешно спроведување на „мировниот план“ на Кина. Првата и најважна точка е предавање или повлекување на руските окупациски сили од (украинската територија) во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН“,напиша на Твитер секретарот на Советот за национална безбедност на Украина, Олексеј Данилов.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Блинкен им честита на Вучиќ и Курти за нивното лидерство во постигнувањето согласност за имплементација на европскиот предлог

Следно

Фото: Приведени двајца скопјани кои превезувале огревно дрво без документи

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop