Путин до кинескиот претседател: Ќе разговараме за вашиот мировен план за Украина

March 20, 2023
1 min read

За кинескиот план за ставање крај на војната во Украина, САД веќе изразија сомнежи дека тоа e руска тактика за застој на војната и предупредија дека војната не може да се замрзне под услови кои ѝ одговараат на Русија

Фото: EPA-EFE/SERGEI KARPUHIN / SPUTNIK

За време на посетата на Москва од страна на претседателот на Кина, Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин рече дека ќе разговара за мировниот план од 12 точки на Пекинг кој се однесува на „решавањето на акутната криза во Украина“.

„Секогаш сме отворени за процес на преговори“,

му рече Путин на Си Џинпинг, додека двајца меѓусебе се нарекуваа „драг пријателе“.

Мировниот план за ставање крај на војната Пекинг го претстави минатиот месец наведувајќи дека тој вклучува престанок на непријателствата и продолжување на мировните преговори.

Но, САД веќе изразија сомнежи и предупредија дека таквиот план може да биде и „тактика на застој“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека светот не треба да биде измамен со каков било тактички потег на Русија, поддржан од Кина или која било друга земја, со цел да се замрзне војната по услови кои ѝ одговараат на Москва.

Планот на Кина не предвидува децидно дека Русија мора да се повлече од Украина, на што украинската страна инсистираше досега како предуслов за какви било преговори, потсетува „Би-би-си“. Наместо тоа, во него се зборува за „почитување на суверенитетот на сите земји“ и предвидува дека сите страни мора да останат рационални и да се воздржат, како и „постепено да ја деескалираат ситуацијата“.

Во овој план на Кина се осудува и употребата на, како што се наведува, „еднострани санкции“ што во јавноста беше протолкувано како прикриена критика од кинеска страна кон западните сојузници на Украина.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Салихамиџиќ ги критикува фудбалерите: Ова не е Баерн

Следно

Ердоган: Турција никогаш нема да ја заборави меѓународната солидарност по земјотресот

Latest from Blog

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара
Go toTop