Пуштена во употреба улицата „Христофер Жефаровиќ“ во Сингелиќ 28.2.2023

February 28, 2023
1 min read

Град Скопје заврши со изградба на улицата Христофер Жефаровиќ, проект кој беше истакнат како неопходен од страна на граѓаните, за безбедно движење на сите учесници во сообраќајот.

Пред неколку месеци имав можност во населеното место Сингелиќ, заедно со граѓаните од локалната заедница да ја посетам улицата Христофер Жефаровиќ која беше во катастрофална состојба, неасфалтирана и раскопана. Затоа посветивме внимание на барањата на жителите и ја поставивме како приоритет, за движењето на граѓаните во сообраќајот на тој потег да биде безбедно и сигурно. Со оваа одлука излегуваме во пресрет на барањата за изградба на улицата Христофер Жефаровиќ, со цел да се постигне рамномерен развој во урбаниот и руралниот дел на Скопје, вели градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска.

Градежните работи на терен ги изведе Јавното претпријатие Улици и патишта, при што покрај коловозната површина од 2.400 квадратни метри се изведоа пешачки патеки oд 685 метри и површина од 1250 метри квадратни, со цел движењето на граѓаните во сообраќајот на тој потег да биде безбедно и сигурно.

ИЗВОР: skopje.gov.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фудбалер на ПСЖ под истрага за силување

Следно

(Фото) Почина лице под Железничка станица во Скопје

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop