Првата украсна мрежа од светилки поставена на џамијата Ејуп Султан во Истанбул по повод месецот Рамазан

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украсна мрежа од светилки, наречена махја (mahya), по повод месецот Рамазан, се поставува на минарињата на џамијата Ејуп Султан во Истанбул, неколку дена пред светиот месец Рамазан, известува Анадолу.

На џамиите во Истанбул почна да се поставуваат светлечки светилки, 450 години стара отоманска традиција на украсување на џамиите во месецот Рамазан, најважниот месец за муслиманите низ светот.

Украсна мрежа од светилки, подготвена од единствениот турски мајстор за изработка на махји, Кахраман Јилдиз, со координација на Генералниот директорат на фондации при турското Министерство за култура и туризам, по неколкучасовна работа беше поставена меѓу двете минариња на џамијата Ејуп Султан.

Во првите денови од месецот на постот Рамазан, на махјата поставена на џамијата Ејуп Султан ќе може да се прочита пораката „Молитвата е мир на срцето“.

Кахраман Јилдиз за Анадолу рече дека по џамијата Ејуп Султан, последователно со махји ќе бидат украсени и други историски џамии во Истанбул.

Истакнувајќи дека пораките на махјите ќе се менуваат за време на месецот Рамазан, мајсторот Јилдиз го рече следново:

„Ја поставуваме првата рамазански махја во 2023 година на џамијата Ејуп Султан. Почнуваме оттука како и секоја година. Тема на оваа година е ‘Рамазан и солидарност’. Поаѓајќи од тоа, има кратки пораки што ни ги даде Претседателството за верски прашања. Овие пораки ќе ги поставиме на махјите во нашите џамии. Махји ќе поставиме на седум џамии во Истанбул, а во Бурса махја ќе биде поставена на џамијата Улу. Во текот на месецот Рамазан на минарињата на секоја џамија ќе бидат поставени пет пораки. Овие работи ги спроведуваме по налог на Генералниот директорат на фондации.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

„Транспортер“ – прв што ќе го предизвика Врховен за помилувањата и прв што повторно може да стигне до Стразбур

Следно

Макрон смета дека е неопходна реформа на пензискиот систем во Франција

Latest from Blog