Денеска, се одржа Првата седница на Комисија на Собранието на Република Северна Македонија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.
Комисијата ја отвори и со неа заседаваше Талат Џафери, пратеник во Пратеничката група на Коалицијата Европски фронт, а присутни беа пратениците од сите политички партии застапени во Собранието.
Комисијата има за цел следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, и затоа ќе соработува и со Владата на Република Северна Македонија. Комисијата може да дава препораки, мислења, како и заклучоци кои треба да се применат од органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, а кои ќе бидат во однос на оваа состојба.
Заеднички заклучок од денешната конститутивна седница беше барање Владата да го достави Акцискиот план за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт.
ИЗВОР: ТВ 21