Прв состанок на Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје за 2023 година

January 16, 2023
1 min read

Координација на активностите на општините во градот Скопје со посебен осврт на координирана акција за справување со загадувањето, институционално постапување за интегрираните еколошки дозволи, чистење на дивите депонии, заедничко постапување за справување со комуналните проблеми, како и нови мерки за ограничување на тешките товарни возила низ општините беа темите на кои разговараа градоначалниците на скопските општини со градоначалничката на Градот Скопје.

-Денеска заседаваше Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје, со главна цел конкретни решенија за предизвиците со кои се соочени општините. Изготвен е акциски план, се започнува со реализација, а со секоја координација ќе се надополнува планот соодветно на состојбата на терен. Непоходно е да соработуваме сите за да имаме побрзи решенија за кои е неопходна координација и заеднички активности. Само со меѓусебна соработка ќе постигнеме брзи решенија, истакна на средбата градоначалничката Данела Арсовска.

Координативното тело на градоначалници под Градот Скопје согласно Закон, делува во интерес на граѓаните, а на седниците се разгледуваат прашања од заеднички интерес на општините под градот Скопје и се изнаоѓаат навремени и ефикасни решенија. На седницата присутни беа шест градоначалници на општините под надлежност на град Скопје и тоа Сарај, Карпош, Чаир, Кисела Вода, Аеродром и Центар.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ССНМ: Работата на премиерот не е да ја оценува уредувачката политика на медиумите

Следно

Прв состанок на Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје за 2023 година 16.1.2023

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop