Прв снег, стари слики: блокирани возила, нерасчистени коловози, а снежните врнежи допрва се засилуваат

December 1, 2024
1 min read

Забрана за сите видови возила е воведена на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка поради наноси од снег. Од Авто Мото сојузот на Македонија информираат дека забраната е воведена од 14:35 часот. 

Претходно, од Центарот за управување со кризи информираа дека на Единствениот број за итни случаи 112 во 13:30 часот е добиена пријава за блокирани возила пред влезот на Попова Шапка на раскрсницата до викендиците. 

– Блокираните возила на Попова Шапка не се како резултат на неисчистени коловози туку се работи за несовесни граѓани кои со летни гуми се упатиле на Попова Шапка. Патот е прооден, моментално две возила го чистат истиот. Проблемите се настанати од луѓето. Возилата со зимски гуми без никакви проблеми се движат по патот. Патрола од ПС Попова Шапка е на местото на настанот. Според дежурниот во ПС Попова Шапка во наредниот период може да се јават и други пријавувачи за истиот проблем бидејќи како ќе одминува времето поголем број на луѓе ќе почнат да се симнуваат од Шапка кон Тетово и да се создаваат поголеми колони од возила, информираа од ЦУК.

Заглавени возила има меѓу хотелот „Радика“ и Бунец на Маврово. Таму, според информациите на ЦУК, заглавени се едно возило од Територијалната противпожарна едница од Гостивар со околу 20 други возила. Се чека поголема машина-фреза од „Македонија пат“ за расчистување на снегот.

Од Јавното сообраќајно претпријатие „Македонија пат“ попладнево информираа дека од 14 часот е нормализиран сообраќајот на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Од Управата за хидрометеролошки работи информираат дека врнежите од дожд и снег ќе продолжат и во текот на денешниот ден. Во западните и јужните делови ќе бидат пообилни каде ќе наврнат над 30 l/m2. На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 7 степени.

Најмногу снег утринава имаше наврнато во Маврови Анови (61 сантиметар), а снег има и во Крушево, Попова Шапка, Дебар, Претор, Берово и Битола.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска на средба со вработените од РЕК Осломеј

Следно

Ден на македонскиот јазик и изложбата „Македонска глаголица“ на Трпков во Букурешт

Latest from Blog

Касами најави нова фаза во ВЛЕН по распуштањето на партиското раководство на БЕСА

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови донесе одлука за распуштање на Централното претседателство на партијата, во рамки на процесот за спојување на коалицијата ВЛЕН во еден политички субјект. Претседателот на

Руте: Земјите членки на НАТО постигнаа напредок во вложувањето во одбраната

Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Марк Руте, по завршувањето на денешниот состанок на министрите за одбрана во Брисел, изјави дека земјите членки на НАТО постигнаа напредок во вложувањето во одбраната, неопходна за

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција

Од утре 13.02.2026 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за

Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан

Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во
Go toTop