Протестен марш во Неготино во чест на Фросина Кулакова

February 8, 2025
1 min read

„Стоп за сообраќајното насилство“ – ова беше една од пораките испратена од протесниот марш во Неготино во чест на младата Фросина Кулакова која го загуби животот преминувајќи на прешачки премин на Партизанска во Скопје. 

Револтираните граѓани од протесниот марш во Неготино во чест на Фросина Кулакова порачаа темелни промени во правосудството, но и безбедни и сигурни улици за сите учесници во сообраќајот. Сестрата на Фросина, Росица Кулакова посочи дека коренот на сите проблеми доаѓа од судскиот систем.

„Правда за Фросина“, побараа другарките на Фросина. Потенцираа дека секој чекор на протесниот марш исто така е и поддршка на семејствата што изгубиле дел од својата душа и што мора да продолжат да чекорат со товарот на загубата. Велат дека од моментот кога една човечка судбина добила име, општеството станува должник на семејството. Меѓу граѓаните и семејствата на жртвите кои на сличен начин го загубиле животот побараа ревизија на случаите.

22 годишната Фросина Кулакова се здоби со смртни последници преминувајќи на прешачки премин на Партизанска, од 20 годишниот Васил Јованов кој возел со брзина над дозволената, не поседувал возачка дозвола, бил пијан и поминал на црвено. На Јованов му е одредена мерка пртивор од 30 дена. 

Вчера, за првпат пред медиумите изегоа родителите на Јованов и неговиот бранител ставајќи акцент на тоа дека во моментов владее гнев кон одредено лице со цел да завладее уличната правда, а не онаа во судницата и правдата на едно демократско општество..

За кривичното дело на Васил Јованов, за поседување и трговија со наркотици, судијката Даниела Алексовска-Стојановска која пресудила воспитно поправна мерка-упатување во поправен дом, пред неколку дена судиите од Кривичен суд Скопје ја поддржаа судијката. Според судиите при одлучувањето таа се водела согласно Законските одредби, слободното судиско убедување, воспоставената судска пракса како и наводите на Јавниот обвинител. 

На 3.4.2015 Фросина Цековска, студентка се здоби со смртни последици на пешачкиот премин кај Универзална сала, а возачот не застана по кобниот настан и биле регистрирани 1,2 промили алкохол. Тој доби шест ипол години казна затвор, која подоцна беше намалена на три години. Во јануари 2022 година, младата Викторија Николова го загуби животот на пешачки премен кај „Сти мол“ во Скопје, а возачот доби казна затвор од четири години.

Денеска, стотина студенти,  се собраа и во Словенија и оддадоа почит на Фросина Кулакова.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Турскиот претседател во посета на Малезија, Индонезија и Пакистан на официјални разговори

Следно

ФОТО: Несреќа во Тетово, се преврте автомобил!

Latest from Blog

Најмалку 7 лица, од кои 5 се од исто семејство, се убиени во израелски напади врз Газа

ГАЗА (АА) – Седум Палестинци, од кои петмина од исто семејство, се убиени во нападите на Израел врз Појасот Газа, известува Анадолу. Според информациите добиени од здравствени извори, мајката, таткото и нивните

Утре авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 11.05.2025 година (недела), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на

Над 20 000 ученици дел од „Генералка викенд“

Над 20.000 ученици и повеќе од 1.000 наставници од основните и средните училишта се приклучија на националната еко-акција „Генералка викенд“, низ практични експерименти, часови и работилници посветени на заштита на животната средина

Заврши изборната кампања пред утрешните парламентарни избори во Албанија

Со повик за масовна поддршка и убеденост во победа на неделните парламентарни избори, со синоќешните масовни митинзи во Тирана, партиите ја заокружија едномесечната интензивна изборна кампања. Владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама,
Go toTop