Пронајдени остатоци од спортскиот авион што денеска се урна во Хрватска

1 min read

Спортскиот авион со холандски регистрациски ознаки, кој бил на лет од Марибор до Пула, исчезнал од радарот кај Огулин околу 12:30 часот, северно од Језеран

Остатоците од исчезнатиот авион „Cirrus 20“ се пронајдени доцна попладнево по повеќечасовна потрага на локацијата Мали Маковник во хрватскиот регион Лика, информираа припадници на Хрватската горска служба за спасување (ХГСС).

Како што објави дневник.хр, деловите се пронајдени на непристапен шумски терен, а истрагата допрва треба да ја покаже причината за падот на авионот кој исчезна од радарот во регионот Лика.

Фото: фејсбук-профил на ХГСС

Спортскиот авион со холандски регистрациски ознаки, кој бил на лет од Марибор до Пула, исчезнал од радарот кај Огулин околу 12:30 часот, северно од Језеран.

Фото: фејсбук-профил на ХГСС

Протоколот за падот на авионот беше покренат, а по голема потрага, во 19:25 часот беше соопштено дека на подрачјето на Мали Маковник се пронајдени мали остатоци од авионот. Овој локалитет се наоѓа недалеку од тунелот Мала Капела во близина на највисоката точка на планината на 888 метри.

Фото: фејсбук-профил на ХГСС

Шефот на потрагата Јосо Живковиќ не можеше да потврди дали покрај пронајдените делови од авионот се пронајдени и жртвите, бидејќи истрагата допрва започнува.

Началникот на ХГСС, Јосип Брозичевиќ изјави дека останките ги лоцирале копнени екипи.

Истрагата ќе продолжи да ја води истражител на воздухопловни несреќи со помош на полицијата и обвинителството за да се разоткријат сите детали од несреќата.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Македонија ЃП го одбрани трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија

Следно

Крај на доминацијата на Баерн во Бундеслигата? Борусија се поблиску до титулата

Latest from Blog