Пронајдени доверливи документи во куќата на поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс

January 24, 2023
1 min read

Адвокатот на Пенс во своето писмо наведува дека поранешниот потпретседател „не бил свесен за постоењето на чувствителни или доверливи документи во неговата лична резиденција“ и дека „е подготвен целосно да соработува со истрагата“

Документи со доверливи информации се откриени во домот на поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс во Индијана, изјави неговиот адвокат за Националниот архив, што е последно во серијата откритија на доверливи информации во приватни резиденции, пренесува „Асошиејтед прес“ (АП).

Адвокатот на Пенс, Грег Џејкоб, рече дека „мал број доверливи документи спакувани во кутија биле транспортирани во домот“ на поранешниот американски потпретседател во времето кога Доналд Трамп бил претседател.

Џејкобс рече дека Пенс ангажирал адвокати искусни во ракување со доверливи документи за да ги прегледаат записите зачувани во неговиот дом, откако во јавноста се дозна дека доверливи документи се пронајдени во резиденцијата на актуелниот претседател Џо Бајден во Вилмингтон.

Министерството за правда веќе користи специјален советник за да го истражи присуството на доверливи документи земени од имотот на Трамп на Флорида и од домот и поранешната канцеларија на Бајден.

Адвокатот на Пенс во своето писмо наведува дека поранешниот потпретседател „не бил свесен за постоењето на чувствителни или доверливи документи во неговата лична резиденција“ и дека „е подготвен целосно да соработува со истрагата“.

Уште шест доверливи документи беа пронајдени викендов за време на 13-часовниот претрес на домот на претседателот Бајден во Делавер.

„Претседателот понуди пристап до својот дом за да му дозволи на Министерството за правда да ја пребара просторијата за потенцијални потпретседателски досиеја и потенцијален доверлив материјал“,

изјави адвокатот на претседателот, Боб Бауер.

Претходно овој месец, адвокатите на Бајден изјавија дека првата група доверливи документи била пронајдена на 2 ноември во истражувачки центар што претседателот го основал во Вашингтон.

„Друг сет на записи беше пронајден на 20 декември во гаражата во неговиот дом во Вилмингтон, додека друг документ беше пронајден во складиште во домот на 12 јануари“,

изјавија неговите адвокати.

Откритијата во домовите на Мајк Пенс и Џо Бајден доаѓаат во време кога поранешниот претседател Доналд Трамп, исто така, се соочува со истрага за неговото наводно неправилно постапување со доверливите документи.

Стотици доверливи записи беа пронајдени во резиденцијата на Трамп во Флорида. Трамп и неговите адвокати се спротивставуваа да ги предадат документите сè додека ФБИ не изврши рација во викендицата на Флорида минатиот август.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Апсење на натпреварот Ливерпул – Челзи

Следно

Доверливи документи пронајдени и во куќата на Мајк Пенс

Latest from Blog

Надзор во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција

Со одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, сите јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и

Зголемување на старосната граница за заминување во пензија е штетна и ние во целост ја отфрламе, вели потпретседателката на СДСМ Кристина Костова.

Ваква мерка ќе придонесе за дополнителна дестимулација за вработување на младите, кои поради неповолните услови за пензионирање, уште повеќе ќе си го бараат чарето надвор од државата. Политичките одлуки на ДПМНЕ имаат

Сомнителна кеса со плински боци и запалива течност пред објектот на Фондот за социјално осигурување во Атина

Мали плински боци и шишиња со запалива течност, содржела сомнителната кеса што утрово беше пронајдена пред објектот на Фондот за социјално осигурување во атинска населба, по што беа евакуирани вработените и затворена
Go toTop