Пронајдена црната кутија од местото на кое се урна авионот во Непал

January 16, 2023
1 min read

Во меѓувреме, спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата по четворицата патници кои се водат за исчезнати во најсмртоносната авионска несреќа во хималајската земја во последните три децении

Еден ден по падот на патничкиот авион во Непал, надлежните спасувачки екипи ја пронајдоа црната кутија од авионот, која ги содржи податоците за летот и снимачот на глас во пилотската кабина, изјавил портпаролот на Управата за цивилно воздухопловство на Непал додавајќи оти тие потоа ќе им бидат предадени на истражителите, пренесе Асошиејтед прес (АП).

Портпаролот на „Јети ерлајнс“, во чија сопственост е авионот АТР 72 кој се урна, исто, така, потврдил дека се пронајдени и податоците за летот и снимачите на гласот од пилотската кабина.

Во Непал денеска е прогласен националниот ден на жалост, а формиран е и експертски тим кој ќе ја истражи несреќата и ќе предложи мерки за да се избегнат вакви инциденти во иднина.

Во меѓувреме, спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата по четворицата патници кои се водат за исчезнати.

Во авионот кој летал од Катманду до Покара, почетната точка за експедиции до познатата планина Анапурна, имало 57 непалски државјани, петмина Индијци, четворица Руси, двајца државјани на Јужна Кореја и по едно лице од Аргентина, Ирска, Австралија и Франција.

Останува нејасно што ја предизвикало најсмртоносната авионска несреќа во хималајската земја во последните три децении. 

Во авионски или хеликоптерски несреќи во Непал од 2000 година наваму загинаа речиси 350 луѓе.

Непал е дом на осум од четиринаесетте највисоки планини, вклучувајќи го и Монт Еверест, каде што честите ненадејни промени на времето може да создадат опасни услови за летање.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Анкета на Скопје Инфо: Тимчо Муцунски е најуспешен градоначалник за 2022 година во Скопје

Следно

САД обучуваат украински војници во Германија

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop