Пронајден корален гребен, неоштетен од глобалното затоплување

1 min read

Истражувачи од холандскиот Кралски институт за морски истражувања (НИОЗ) открија корален гребен долг еден километар, а неоштетен од глобалното затоплување. Истражувачкиот тим го открил гребенот случајно по три недели пловење во јануари, објави денеска „НЛ тајмс“ (NL Times).

Коралот е откриен близу островот Курасао во јужниот дел на Карипското Море во кај северниот брег на Венецуела.

Според Ленарт де Нојер, наодот не бил објавен порано поради стравот дека луѓе ќе отидат таму и ќе предизвикаат оштетување на гребенот. Поради истата причина, Де Нојер претпочита да не каже каде точно се наоѓа коралниот гребен.

Извор: kurir.mk

Претходно

Рангник: Да му откажам на Баерн беше една од најтешките одлуки во мојата кариера

Следно

Роденденска забава се претвори во пекол: 4 деца повредени на роденден во Грција- излетал тобоганот на надувување

Latest from Blog