Пронајден е мртов научникот кој ја развивал вакцината „Спутник“

1 min read

Рускиот виролог Андреј Ботиков, кој помогна да се развие вакцината „Спутник V“ против коронавирусот, е пронајден убиен во неговиот дом во Москва, јавуваат медиумите.

Ботиков бил еден од 18-те научници кои учествувале во развојот на вакцината „Спутник V“ во Националниот истражувачки центар „Гамалеја“.

Властите отворија истрага за убиството, а веќе е приведен и осомничен 29-годишен разбојник кој според надлежните упаднал во домот на Ботиков и го задавил научникот со каиш, по што избегал.

 

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Светска банка: Штетата од земјотресот во Сирија проценета на 5,1 милијарда американски долари

Следно

Земјотрес стресе дел од Македонија

Latest from Blog