Професорката Проева ќе биде погребана в недела, на гробиштата Бутел

November 8, 2024
1 min read

Семејството ја информира јавноста дека погребот на проф. д-р Наде Проева ќе се изврши на градските гробишта Бутел во Скопје, во недела, 10 ноември 2024 година.

Погребната церемонија ќе започне во 13:00 часот.

Проева важи за водечки светски експерт за Античка Македонија призната и во Грција како еден од најдобрите познавачи на оваа историска област.

Нејзина особена професионална специјалност беа Историјата на стариот век, и Историјата на античките Македонци, предмети што до пензионирањето им ги предавала на студентите по историја. Професорката Проева важеше за бескомпромисно принципиелен научник, секогаш на страната на историската вистина и на историската правда. Нејзините студенти ја паметат како професорка која целосно одговора на описот „строг, но правичен учител“. Нејзината книга „Историја на Аргеадите“ (2004) е прв учебник за историјата античките Македонци и прв напишан учебник за студентите на катедрата за Историја.

Наде Проева е родена на 9 септември 1949 година во Ресен, каде што завршува средно образование – гимназија. Дипломирала на античка археологија во 1973 г. на Филозофскиот факултет во Белград со тема „Четири необјавени доцноантички некрополи од околината на Прилеп“. На Филозофскиот факултет во Белград, во 1978 година ја брани магистерската тема: „Типологија на надгробните споменици во југословенскиот дел во римската провинција Македонија“, а во декември 1992 на групата за историја и докторската теза: „Влијание на доселениците на развојот на културните прилики во римската провинција Македонија“.

Од 1979 до 1981 била на специјализација во Париз, на Универзитетот Сорбона, каде што се здобила со диплома за продлабочени студии од областите епиграфика, нумизматика и религија. Повеќе пати била на студиски престои во странство: Полска (1977), Француска археолошка школа во Грција (од 1992 речиси секоја година), Француски институт во Истанбул (1993), Австриска академија на науките (1998), Универзитети во Нанси и во Нантер-Paris X и др.

Учествувала на меѓународни научни собири во Франција, Канада, Србија Бугарија, Хрватска, Естонија, Русија, Романија, Италија, Полска држела предавања во Хрватска Словенија, Франција, Холандија. Исто така учествувала во ископувањата на антички и средновековни локалитети во Македонија, Србија, Полска и Грција; во проекти на Археолошки институт во Белград, на МАНУ, на САНУ и на Берлинската академија на науките. Како визитинг – професор има одржано предавања на универзитетите во Франција (Нанси, Нантер-Paris X), како и низа јавни предавања за разни прашања за античките Македонци. Професорката Наде Проева, до последните денови од својот живот беше ангажирана преку свои критички текстови и публикации за праведно решение, за како што велеше – „неправдите што современата политика ги нанесува на Македонија, Македонците и македонскиот национален идентитет“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мисајловски најави помош за бранителите – „Средства ќе се најдат преку ставки од буџетот на министерството“

Следно

Бројот на загинати во поплавите во Шпанија се зголеми на 223

Latest from Blog

Косово: ДПК, ДСК и АБК потврдија дека ќе учествуваат на состанок кај претседателката Османи

Демократската партија на Косово (ДПК), која ја повика претседателката на Косово Вјоса Османи да свика средба со партиите за да се разговара за ситуацијата во собранието, потврди дека ќе учествува на состанокот

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Европејците денеска го прославуваат Денот на Европа – 9 мај, одбележувајќи ја воедно и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасираше патот кон нова

Во земјава се одбележува 9-ти Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, владина делегација денеска ќе положи цвеќе на спомен обележјето на Партизанските гробишта Бутел во Скопје.  Во делегацијата ќе бидат заменик претседателот

Игор Стефановски-Иџе ја брка третата победа на „Рампа да Фалпера“

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, овој викенд ќе ја вози третата трка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, на патеката „Рампа да Фалепра“ во португалска Брага. По првите две трки во
Go toTop