Продолжува седницата за избор на нови министри во Владата

February 24, 2023
1 min read

Седницата за избор на новите владини министри продолжува во законодавниот дом денес напладне. Доцна синоќа заврши расправата за изборот на министрите.

Пратениците расправаат за изборот на Кренар Лога за министер за правда, Фатмир Меџити за министер за здравство, Азир Алиу за министер за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министер за животна средина.

Премиерот Димитар Ковачевски ја побара довербата од пратениците и од јавноста за формирање на постабилна, поуспешна, поефикасна и фокусирана Влада.

Пратениците од опозицијата обвинија дека тројца од предлозите за министри биле соработници на претходната власт, односно, како што рекоа, „тие што ги напаѓаат за криминал и корупција“.

Расправата за новите министри почна откако по две недели заврши дебатата за разрешувањето на претходните министри од редовите на „Алтернатива“ за здравство Беким Сали, за информатичко општество Адмирим Алити и на министерот без ресор задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи. На стартот на седницата што почна на 13 февруари, беа констатирани оставките на министрите за правда Никола Тупанчевски и за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците-министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.

На 104. седница треба да бидат разрешени и замениците-министри и за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу и да бидат избрани нивни заменици.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонци кои живеат во Виена ја донесоа надгробната плоча на гробот на Тодор Паница во Музејот на Македонија

Следно

Сака ќе стане најплатен играч на Арсенал

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop