Продолжува претставувањето на кандидатите за градоначалници и советници

October 7, 2025
1 min read

Претставувањето на кандидатите за градоначалници и советници во рамки на кампањата за локалните избори 2025 продолжува и денеска, а во фокусот на митинзите се обраќањата на лидерите на најголемите партии.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе одржат средби со граѓани и митинзи во Маврово, Ростуше, Гостивар и Тетово.

Предизборниот караван на СДСМ е во Дојран Богданци, Гевгелија и Валандово.

Од Левица за денеска најавија средба со граѓани во Неготино на која ќе присуствуваат лидерот на партијата Димитар Апасиев, пратеникот Сашко Јанчев, носителот на листа, Никола Ламбев, и останатите кандидати за советници.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција во Општина Бутел, а од ГРОМ – Граѓанска Опција за Македонија, пак за денеска планираат работен медиа брифинг со цел одблиску и поопширно запозавање со програмата на Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на град Скопје од коалицијата “Искуство за успех”.

Изјави за медиумите ќе имаат и Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје од СДСМ и Коалицијата и Влатко Митовски – кандидат за градоначалник на општина Гази Баба.

Според најавите, прес-конференција ќе има и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ на која ќе го презентира целосното решение за јавниот превоз во Скопје, како и потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми, кандидатот за градоначалник на општина Куманово, Селвер Ајдини, и кандидатот за градоначалник на општина Бутел, Исамедин Азизи.

Прес-конференција е најавена и од страна на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Тејлор Свифт откри што ќе се случува со нејзината кариера, откако ќе се омажи

Следно

Се празнува Светата првомаченичка Текла рамноапостолна

Latest from Blog

Пет јасни знаци кај тинејџерите за тревога на родителите

Помеѓу ненадејните промени во расположението, трескањето врати и долгите периоди на тишина, лесно е сè да се припише на „тинејџерската анксиозност“. Но, зад превртувањето очи и доцните ноќни излегувања, детето може да

Трамп: Донесов одлука за ракетите „Томахавк“ за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со долг дострел на земјите-членки на НАТО, за потоа тие да бидат испорачани во Украина. Украинските власти тврдат

Се празнува Светата првомаченичка Текла рамноапостолна

Светата првомаченичка Текла рамноапостолна Родена е во Иконија, од родители прочуени, но незнабожци. Како осумнаесетгодишна девојка била верена за некое момче во она време кога апостолот Павле дојде со Варнава во Иконија

Драма во океанот- ајкула од 3 метри нападна нуркач и му ја гризна главата: Се слушна крцкање

Сепак, морскиот биолог Маурисио Охос од Мексико, кој го истражувал Индискиот Океан кон крајот на септември, немал среќа – и речиси умрел. Ајкулата одеднаш нападна Охос нуркал во близина на Кокосовите Острови,
Go toTop