Кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со претставници на прилепските градежни компании, на која се разговараше за состојбите во секторот и за можностите за заедничка работа на поефикасна, транспарентна и фер градежна политика.

„Градежниците се двигатели на секој развој. Тие се партнерите со кои Прилеп ќе продолжи да се гради — со уредна инфраструктура, современи населби и подобри услови за живот на сите генерации,“ изјави Проданоски.

Тој нагласи дека со вистинска соработка помеѓу локалната самоуправа и градежниот сектор, градот може да напредува со темпо што ќе го задржи секој млад човек во Прилеп.
„Заедно ќе го градиме новиот Прилеп — град по мерка на сите граѓани. Тоа е вистинскиот избор,“ порача Проданоски.
Средбата е дел од серијата консултации со стопанските субјекти во рамките на програмата за локален економски развој, чија цел е создавање на подобра бизнис-клима и уредна урбана средина во Прилеп.