Проданоски: Прилеп 60 години е чувар на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 12, 2026
1 min read

Со свеченото доделување на наградите, вечерва беше затворено јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, манифестација која веќе шест децении претставува еден од најзначајните столбови на македонската култура и театарска уметност.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека изминатите фестивалски денови Прилеп повторно бил град на театарот, уметноста и креативниот дијалог, каде што се сретнале врвни театарски остварувања, уметници и љубители на сценската уметност од целата држава.

 

„Чувствувам особена гордост што токму Прилеп веќе 60 години е чувар на ова непроценливо културно наследство. Овој јубилеј е сведоштво за посветеноста на генерации уметници, организатори, институции и граѓани кои го граделе угледот на фестивалот и го претвориле во препознатлив симбол на македонската култура“, нагласи Проданоски.

Тој упати честитки до сите наградени уметници и ансамбли, како и до организаторите, селекторите, жирито, техничките екипи и волонтерите кои придонеле за успешната реализација на фестивалот.

Посебно го истакна успехот на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, кој годинава освои признанија во пет категории.

„Ова признание е потврда дека и покрај бројните предизвици и тешките услови, трудот и посветеноста на нашите уметници создаваат вредности кои се препознаваат и се наградуваат“, посочи градоначалникот.

Проданоски оцени дека, иако критиките се составен дел од јавниот дискурс, неопходно е сите заеднички да размислуваат како состојбите во општеството да се подобрат.

„Успешните приказни најчесто се раѓаат во тешки услови, а токму ваквите достигнувања покажуваат дека кога има знаење, љубов и посветеност, резултатите не изостануваат. Наша заедничка обврска е да создадеме подобри услови за работа, развој и напредок“, истакна тој.

Воедно, Проданоски порача дека Општина Прилеп и во иднина ќе продолжи да го поддржува фестивалот, бидејќи културата е темел на идентитетот, а фестивалот „Војдан Чернодрински“ е еден од најзначајните културни симболи на градот и државата.

„Како град, но и сите ние како поединци, мораме да продолжиме да се прашуваме – како да станеме подобри?“, порача градоначалникот на Прилеп.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полувреме: БиХ со водство за еуфорија во Торонто!

Latest from Blog

Шефицата на американските шпиони: СМЕ ФИНАНСИРАЛЕ БИОЛОШКИ ЛАБОРАТОРИИ ВО УКРАИНА

Директорката на Националното разузнавање во заминување, Тулси Габард, изјави дека објавува „досега невидени разузнавачки информации кои откриваат нови докази за претходно финансирање од американската влада на повеќе од 120 биолаборатории во повеќе

Божиновска: Нов импулс во односите со Турција – фокус на енергетиката и инвестициите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул учествуваше на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање

Димитровски за muzika24: Битола – културно искуство што се живее 365 дена во годината

Битола отсекогаш била град со посебен шарм, но во последните неколку години сведочиме на една поинаква, впечатлива креативна енергија која го издвојува градот на конзулите од сите останати во државата. Од фасцинантната „Зимска приказна“која

Свечено отворен фудбалскиот терен „Петар Упалевски-Упале“ во Битола

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски вечерва присуствуваше на свеченото отворање на фудбалскиот терен кој го носи името на нашата фудбалска легенда „Петар Упалевски-Упале“. Станува збор за донација на компанијата „Моцарт“ како дел
Go toTop