Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на општина Прилеп, вечерва ги претстави своите планови за трансформација на градот истакнувајќи дека целта е Прилеп да стане функционален, уреден и достоинствен град
„Време е Прилеп да добие нов лик Со јасен план за сообраќај, уредени јавни простори и обновена стара чаршија, ќе го направиме град со ред, убавина и душа“ изјави Проданоски
Според него градот ќе добие модерни јавни простори достапни за сите граѓани, старата чаршија ќе се обнови и зачува како културен и трговски центар, сообраќајот ќе се уреди за побезбедна инфраструктура, а зелените површини и парковите ќе ја збогатат урбаната средина
Проданоски потенцира дека неговата програма е насочена кон создавање модерен, зелен и достапен град кој ќе одговара на потребите на сите жители на Прилеп
„Модерен, зелен и достапен за сите – тоа е мојата визија за нашиот град“ заклучи Проданоски повикувајќи ги граѓаните на Прилеп да се приклучат и да ја поддржат неговата иницијатива за ново, достојно и развиено Прилепско општинско средиште