Проданоски: Музиката на младите го разубавува секој агол од Прилеп

May 21, 2026
1 min read

Успешно се реализираше првиот ден од концертите на отворено во организација на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп, на кои настапија млади музички таленти на три различни локации низ градот.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека ваквите настани претставуваат важна поддршка за младите уметници и значаен придонес кон културниот живот во општината.

„Младите музичари се гордост на Прилеп и иднина на нашата култура. Со нивниот талент, креативност и посветеност тие ни покажуваат дека градот има силен потенцијал во областа на уметноста“, порача Проданоски.

Тој додаде дека концертите на отворено овозможуваат културата да биде подостапна за сите граѓани и придонесуваат за создавање позитивна атмосфера во градот.

„Ваквите настани носат музика на улиците, создаваат убава енергија и претставуваат вистинска промоција на трудот и успехот на нашите најмлади музичари“, истакна градоначалникот.

Од општината порачаа дека и во иднина ќе продолжат со поддршка на културните настани и младите таленти кои го збогатуваат секојдневието во Прилеп.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Firestarter 2026: Корисничкото искуство повеќе не е функција – тоа е бизнис стратегија

Следно

Македонската берза со благ пад: МБИ10 намален за 0,18 отсто

Latest from Blog

ВЛЕН: „Колку подолго ДУИ се во опозиција, толку подобро за Албанците“

ВЛЕН со остри критики кон Демократска унија за интеграција и лидерот Али Ахмети, обвинувајќи ја партијата дека „нема морален кредибилитет да зборува во име на Албанците“. Во партиското соопштение, ВЛЕН наведува дека

Firestarter 2026: Корисничкото искуство повеќе не е функција – тоа е бизнис стратегија

Компаниите што ќе победуваат во иднина нема да бидат оние што само продаваат производи и услуги, туку оние што создаваат доверба, чувство на припадност и искуства што луѓето ги паметат. Ова беше

Мерц бара реформа на евроинтеграциите: ЗАПАДЕН БАЛКАН ДА ДОБИЕ ПРИВИЛЕГИРАН СТАТУС И ПОСТЕПЕНА ИНТЕГРАЦИЈА

Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати официјално писмо до лидерите на Европската Унија во кое предлага нова, динамична и иновативна стратегија за забрзување на процесот на проширување. Планот, во кој увид имаа меѓународните
Go toTop