Screenshot

Firestarter 2026: Корисничкото искуство повеќе не е функција – тоа е бизнис стратегија

May 21, 2026
2 mins read

Компаниите што ќе победуваат во иднина нема да бидат оние што само продаваат производи и услуги, туку оние што создаваат доверба, чувство на припадност и искуства што луѓето ги паметат. Ова беше една од клучните пораки на четвртото издание на Firestarter 2026, конференцијата која отвори важен разговор за иднината на бизнисот, корисничкото искуство, искуството на вработените и новата организациска култура.

Во фокусот на Firestarter 2026 беше трансформацијата од корисничко искуство (customer experience) и искуство на вработените (employee experience) кон поширокиот концепт управување со искуства (experience management), пристап кој ги поврзува клиентите, вработените, културата и лидерството во единствена стратегија за одржлив раст. Како што беше истакнато на конференцијата, компаниите денес не се разликуваат само по тоа што го нудат, туку по тоа како прават клиентите и вработените да се чувствуваат.

 

 

Настанот обедини меѓународни експерти, регионални лидери и професионалци од менаџмент, продажба, маркетинг, човечки ресурси и грижа за корисници, со заедничка порака: корисничкото искуство повеќе не може да се третира како изолирана функција или последен чекор во продажниот процес. Тоа е стратешки избор што започнува од организациската култура, лидерството и начинот на кој компаниите ги третираат своите луѓе.

Конференцијата ја отвори Христина Велковска, претседателка на Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени и извршен директор на Вита Институт, со порака дека иднината им припаѓа на организациите кои го ставаат човекот во центарот на своето работење. „Firestarter не е само конференција, туку платформа што поттикнува промена. Нашата цел е да покажеме дека грижата за луѓето, клиентите, вработените и заедницата, не е попатна тема, туку суштинска бизнис стратегија. Кога луѓето се чувствуваат вреднувани, тие создаваат вредност. А кога организациите градат доверба, човечка поврзаност и смисла, тогаш создаваат искуства што се паметат“, истакна Велковска.

Еден од централните говорници беше Иан Голдинг, светски познат сертифициран експерт за корисничко искуство, кој зборуваше за еволуцијата од корисничко искуство и искуство на вработените кон управување со искуства. Неговата порака беше дека организациите мора јасно да ја разликуваат испораката на искуство од управувањето со искуството: првото се случува во реално време, а второто бара континуирано мерење, следење и подобрување. Посебен акцент беше ставен на емпатијата како предуслов за раст, не само да се разбере клиентот, туку да се „живее“ неговото искуство и да се дизајнираат решенија од таа перспектива.

Регионалната перспектива ја донесе и Мојца Домитер, потпретседателка за човечки ресурси и култура во Атлантик Групација, која зборуваше за тоа како стратегијата за луѓе се претвора во секојдневно искуство на вработените. Преку примерот на Атлантик Групација, таа ја нагласи важноста на лидерството насочено кон човекот и лидерство засновано на автентичност, емпатија и адаптибилност како основа за лојалност, организациска отпорност и долгорочен бизнис успех.

Клучните пораки од Firestarter 2026 беа дека искуството е конкурентска предност, дека вработените и клиентите не можат да се гледаат одвоено, и дека организациите кои градат доверба, припадност и смисла се оние што ќе бидат најподготвени за иднината.

Во рамки на програмата се одржаа и панел-дискусии со претставници од коморите и бизнис заедниците како и извршни директори на водечки компании.

Firestarter 2026 уште еднаш потврди дека темите како култура, лидерство, емпатија, добросостојба и корисничко искуство веќе не се споредни разговори во бизнисот. Тие се дел од стратешките одлуки кои директно влијаат врз растот, задржувањето на таленти, лојалноста на клиентите и репутацијата на компаниите.

Зад организацијата на Firestarter 2026 стои Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени (Macedonian Association for Customer and Employee Experience – MACEX), во партнерство со Вита Институт и поддршка од Елемент ПР, кои заеднички ја градат конференцијата како регионална платформа за размена на знаење, инспирација и практики за новата бизнис култура.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Битола е пример за соживот и мултикултурност

Следно

Проданоски: Музиката на младите го разубавува секој агол од Прилеп

Latest from Blog

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа
Go toTop