Проданоски: Лука Најдоски е гордост на Прилеп и доказ дека младите имаат светска иднина

January 16, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати јавна честитка до шеснаесетгодишниот Лука Најдоски, актуелен светски јуниорски шампион во воздухопловно моделарство, нагласувајќи дека неговиот успех е гордост не само за Прилеп, туку и за државата.

Лука Најдоски, член на воздухопловниот клуб „Фил Феникс“, го освои првото место на Светскиот куп во категоријата Ф1А – едрилици, во силна јуниорска конкуренција од целиот свет. Дополнително, тој се наоѓа и на 13. место на светската сениорска ранг-листа за 2025 година, што, според Проданоски, е редок и исклучителен спортски успех за толку млад спортист.

Проданоски истакна дека Најдоски моментално се школува во Воздухопловната академија во Белград, на смер за авиотехничари, дефицитарна и значајна професија, и дека неговата посветеност и визија за иднина во воздухопловството се пример за младите.

Посебни честитки беа упатени и до братот на Лука, Дино Најдоски, кој исто така е активен и успешен во воздухопловното моделарство, како дел од спортска семејна приказна што го промовира Прилеп на меѓународно ниво.

Градоначалникот најави дека Прилеп ова лето ќе биде домаќин на Светското јуниорско и Европското сениорско првенство во воздухопловно моделарство, кои ќе се одржат од 26 јули до 2 август на теренот во селото Веселчани, со учество на околу 45 репрезентации и над 450 натпреварувачи од целиот свет.

„Ваквите млади луѓе се нашиот најголем капитал и доказ дека вложувањето во спортот и знаењето носи врвни резултати“, порача Проданоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шок на “Итихад“: Пеп во јуни си оди, познати се можните наследници?!

Следно

Сиљановска Давкова: Европските интеграции ни се високо на агендата

Latest from Blog

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека е добро лидерите на партиите понекогаш да се сретнат отколку да разговараат со посредници. Оценува дека по неодамнешната лидерска средба сите „биле релаксирани и уверени дека

Никола Ѓурѓај за Нова Македонија: Културата и образованието се срцето на македонскиот идентитет во Албанија

Интервју со Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“–Тирана, Албанија Никола Ѓурѓај е препознатлив како глас на Македонците кај нашиот западен сосед и често јавно говори за односите меѓу Македонија и Албанија,

Се огласи Хулио Иглесијас- го негира обвинението за сексуален напад: Јас сум жртва на клевета

Тој објави изјава на својот Инстаграм профил во која рече дека обвинувањата се „целосно лажни“, дека никогаш не чувствувал „таква злоба“ и дека е жртва на „клевета“. Тој рече дека има сила
Go toTop