Проданоски: Инвестициите го подобруваат секојдневието на постарите лица

November 21, 2025
1 min read

Денес градоначалникот Дејан Проданоски ја посети ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“ во рамки на Неделата на грижата за старите лица. Тој истакна дека оваа недела потсетува дека вниманието, почитта и љубовта кон постарите генерации се темел на секое здраво и одговорно општество.

Проданоски нагласи дека Локалната самоуправа продолжува посветено да ја поддржува оваа јавна општинска установа. Само оваа година, преку инвестиција од 3.100.000 денари во современа опрема, значително се подобриле условите за работа на вработените и условите за живот на штитениците.

„Нашата цел е секој тука да се чувствува достоинствено, безбеден и вреднуван. Грижата за луѓето од третото доба не е само наша обврска, туку и лична заложба, која ќе продолжиме да ја следиме секојдневно“, изјави Проданоски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Видео: Кејт Хадсон во провокативно, но елегантно сино издание на црвениот тепих

Следно

Николоски: Најдобрите идеи и кадри секогаш произлегуваат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

Средба на Меџити и Гаши: Поддршка и координација во интерес на граѓаните

Градоначалникот Изет Меџити денес го прими во својата канцеларија претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој дојде да му честита за назначувањето на новата функција. За време на средбата, тие разговараа за политичките

Нови предвремени парламентарни избори во Косово на 28-ми декември

Одлуката денеска ја соопшти претседателката Вјоса Османи во Приштина, по што официјално го распушти парламентот избран во февруари. Распуштањето следува откако привремениот премиер Албин Курти и претседателот на парламентот Глаук Коњуфца –

ВЛЕН: ДУИ е главна причина за застојот во владеењето на правото

Денешната изјава на Арбер Адеми за „неуспех во владеењето на правото“ според ВЛЕН покажува колку ДУИ е одвоена од реалноста. Политичката партија, чија половина од раководството се на „црните листи“ за корупција,

Николоски: Најдобрите идеи и кадри секогаш произлегуваат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ

УМС и IYDU викендов го организираат најголемиот меѓународен политички настан што УМС го организирала во Македонија, информира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер Александар Николоски. -Ова е најголемиот настан којшто Унијата на млади
Go toTop