Проблематичното дете од ОУ „Лазо Ангеловски“, ќе следи онлајн настава од дома

December 6, 2024
1 min read

По барање на родителите, детето да не биде физички присутно во училиштето, се реши случајот со проблематичното дете од ОУ „Лазо Ангеловски, од скопската населба Аеродром“. Третооделенецот, ќе следи онлајн настава до крајот на првото полугодие.

За тоа време надлежните образовни и социјални органи ќе извршат соодветна проценка за заштита на детето и останатите деца во одделението. Бојкотот на наставата во ОУ „Лазо Ангеловски“ е прекинат и децата од вторник се враќаат во училишните клупи.

Учениците од ова основно училиште пред два дена почнаа со бојкотот откако проблематичниот ученик, по неуспехот да се префрли во ОУ „11 Октомври“ (каде што исто така протестираа родителите на учениците од ова училиште), беше вратен во ОУ „Лазо Ангеловски“. Родителите од одделението на ова дете уште лани бараа проблематичниот ученик да се пресели во некоја друга институција.

Денеска во училиштето бил присутен тим составен од Центарот за социјални работи за разрешување и следење на состојбата со актуелниот проблем со третоодделенецот којшто имал насилно поведение.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Провинцискиот центар Дера под контрола на опозицијата

Следно

Пеп Гвардиола сакаше да тепа навивач на улица (ВИДЕО)

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop