Приведени четири лица во Скопје поради дрога

1 min read

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници привеле четири лица поради дрога.

Најпрво во 14.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.В.(35) и М.И.(36) двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Потоа во 15.20 часот во с.Петровец, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Ј.(42) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Во 20.45 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.Е.(34) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож.

По целосно документирање на случаите ќе следи соодветен поднесок.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Украина: Стапи во сила закон со кој се дозволува забрана на медиумите без судска одлука

Следно

Првоаприлски маскенбал во сите училишта во Општина Петровец

Latest from Blog