Приведени 15 царински службеници и полициски службеник за поткуп

1 min read

 

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, вчера во попладневните и вечерните часови спроведоа голема полициска акција под кодно име „Премин“.

Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка што обвинителството во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР ја спроведуваше по доставена пријава од граѓанин против три лица.

 

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Туркије помогна во воздушната евакуација на над 2.000 луѓе од Либан

Следно

Во Босна и Херцеговина пронајдено телото на последната жртва по која се трагаше по поплавите

Latest from Blog