Утрово Бирото за јавна безбедност (БЈБ) по налог на надлежниот јавен обвинител приведе неколку лица меѓу кои и Ристо Крмзов.
Според засега неофицијални информации струмичкиот бизнисмкен преку фиктивно прикажување на добивки и симулирано плаќање на даноци, вршел организиран поврат на ДДВ. Со помош на фиктивни фирми, непостоечки физички лица од Косово и други земји, се оформувале лажни трансакции, само како параван за изигрување на законот. Нелегално стекнатите средства, преку монтирани државни исплати, завршувале во приватни џебови, а потоа се переле и легализирале преку градежниот сектор, кој со години беше омилен канал за перење пари.
Засега опфатени во пријавата се 15 правни лица и 23 физички.
Извор: 24vesti.mk