Приведен е син на поранешен висок функционер во Македонија. Станува збор за лице со иницијали Ќ.Б., а приведено е поради сомневање за кривично дело „Оддавање службена тајна“.
Според информациите, приведувањето се случило по извршен службен разговор во полициската станица, каде лицето било повикано за да даде исказ во врска со ова кривично дело.
Сомневањата на полицијата се дека токму од ова лице, протекле информациите дека МВР влегува во Арачиново и Сингелиќ. Тоа се и причините за пробивање на акцијата. На десетина минути пред полицајците да влезат, неколку лица избегаа. Првичните информации се дека приврзаници на групата „Беланоца“ дознале детали, кои е можно да протекле од телефонот на синот на поранешниот висок функционер во министерството
Извор: 24vesti.mk