Приведен криминалец осуден на 6 години и 4 месеци казна затвор

1 min read

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 12.00 часот на бул.„Партизанска“ го лишиле од слобода Х.Д.(26) од Штип.

– Тој бил осуден на казна затвор од шест години и четири месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на една година и два месеци од казната, информира МВР.

Лицето ќе биде предадено на установата за доиздржување на казната.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Слаб снег во Маврово, на Ѓавато остатоци од кашест снег на коловозот

Следно

Гатузо: Со Валенсија достојно се разделивме

Latest from Blog